Твојата перверзна љубов

Image

Драги мој,

Ноќва е глува и темна, магла го завила градот, ко да ги сокрила од мене одговорите на сите прашања кои ми поминуваат во глава. А прашања имам многу. Сите ти се поставени тебе, иако знам дека ќе е потребно да се потрудам сама да си ги одговорам.

Слушам имаш девојка и добро ти е?! И мене не ми е лошо не можам да се пожалам иако знам дека можеби и не те интересира. Само се прашувам, после се вреди ли и самата помисла на тебе?! Размислувам подолго време и мојот заклучок е – вреди, затоа што знам дека и ти не си ме заборавил, не си ме ни замразил, не можеш да ја мразиш љубовта од неа можеш само да учиш. Допрва ќе се потсетуваш на мене токму во моментите кога ќе ти биде најубаво со неа, ќе ти бидам пример за тоа како да се сака од дното на душата исконски, несебично, искрено и безрезервно.

И сега кога можеби ти е најубаво во животот, кога си ја нашол личноста која можеби е ОНАА ВИСТИНСКАТА, иако не требаше многу далеку да бараш, кажи ми дали си истиот оној стариот и со неа?!

Дали и со неа си најмилиот, најшармантниот, најљубезниот, нај нај нај, а откако ќе си заминеш тој свет за тебе повеќе не постои?! Можеби и даде шанса да ти покаже колку те сака, да ти ја подари својата љубов или пак ја сакаш затоа што не ти ја покажува? Или пак можеби грешам, заедно сте најубавите заљубени гулапчиња? Разговате ли како од мајка родени, со  истата леснотија до раните утрински часови или не ви е потребен ни збор за да се разберете? Слушнав многу зборови од таа твоја прекрасно проклета уста, и убави и грди и нежни и груби, зборови кои ме привлекуваа близу до тебе и зборови кои ме тераа да заминам што подалеку, а сепак не слушнав ништо .Дали некаде на патот барајќи те оглувев како и оваа глува ноќ ,па не можев да слушнам како ми довикуваш да не одам?

Не, од тебе слушнав се но никогаш не спомна ништо за НАС.

А НИЕ постоевме ли, или можеби се беше само добар филм со лош крај кој катадневно се врти во мојата глава како на филмска лента? На почетокот плачев на тој филм, залиптавена се трудев да застанам на нозе. А денес само сум нем набљудувач трудејќи се да си одговорам на прашањата кои никогаш не ти ги поставив и никогаш не ми беа одговорени.А зборувавме за сешто.

О перверзнику, дали молиш на колена за нејзината вулва како што ме молеше мене, па потоа те снемуваше со денови? Дали страсно ги бакнуваш пупките на нејзините гради, дали ги влечеш со тие твои полни усни? Дали е се така прекрасно како што некогаш беше, а само ова мое срце бездушно отрпнало и на добро и на лошо.

Одамна немам пуштено солза по тебе, години поминаа од последниот пат.

И не дека сум несреќна па ти пишувам да се вратиш, не го барам јас тоа од тебе.Остани со неа, и јас ќе останам насмеана како и секогаш.Но те проколнувам да ја сакаш многу повеќе од колку што те сакав тебе. Па да гледаш со моите очи, да чуствуваш со моето срце, да љубиш од дното на мојата душа па само на миг да ја видиш нејзината вредност. А потоа да ми ја вратиш затоа што НЕ САКАМ ПОВЕЌЕ БЕЗ НЕА, таа е само моја.

Ете таква е твојата перверзна љубов, или можеби само ЗА МЕНЕ БЕШЕ ТАКВА.

Со љубов

Твоја Аиден

Leave a comment