Мојата перверзна љубов

Драги мој,

Повторно ти пишувам иако знам дека моиве зборови  ќе бидат проголтани од темнината на ноќва. Се надевам нема да се измориш од моите приспивни приказни, и прерано да заспиеш а повторно да не го дознаеш крајот.

Од моментот кога првпат ја видов искрата во твоите очи, не можам да го згаснам пожарот кој и дење и ноќе не стивнува во мене.Тие очи разбудија страотни огнени страсти, ми го заматија разумот и ме наведоа на недолични чинови, ниски страсти, перверзни монолози, неискрени бегства од тебе, самозалажување……и што уште не. А и сеуште ме демнат иако веќе пронајдов начин како да им избегам, но не знам дали некогаш ќе најдам начин да погледнам дирекно во нив и да се соочам.

Ги паметам ноќите кога доаѓаше и земаше се што ти беше потребно. При тие посети земаше дел по дел од мојата душа за на крај да го оставиш моето тело бездушно. Сега мојата душа тивко одекнува во твојата потсвест, затоа што откако ме остави без неа, таа таму робува.

Ги паметам и ноќите кога немо чекав да дојдеш, но бесцелно. Се прашував каде беше тие ноќи со која? Чии усни гризеше, чии бујни гради милуваше, врз која јачеше до бескрај како одмазда на мојата перверзна љубов? И во тие мигови мислеше ли на мене? Вредеше ли?

Заплеткана во лавиринтот на мојата перверзна љубов, тогаш не го знаев излезот, не можев ни да претпоставам што е подобро да Ти се припијам најблизу што можам и да Ти се втријам во твојта мека и мирислива кожа како тетоважа која не се отстранува, или да бегам далеку од тебе, најбргу што можам не гледајќи назад?!

И денес не знам која одлука би била најдобра за нас, затоа што денес телесно сум многу многу километри далеку од тебе, а душава моја лута низ лавиринтите на твојата потсвест за да ти ја раскаже вистинската приказна за мојата перверзна љубов кон тебе.

Предолгото  чекање во пламените на страста за мене секогаш се исплатеше, моите босици расцветуваа од возбуда кога после такво чекање твоите раце ќе ги зграпчеа безмилосно, бесрамно треперев навлажнета од возбуда и молев да те примам кај себе.

Моето чекање го продолжувам и ноќва…..

П.С.”Не оставај предолго да те чека заљубена жена, ќе изгоре во сопствената страст

Твоја Аиден

Leave a comment