Сон кој носи тага

Драги мој,

Те сонував ноќва со неа гушнати, фатени за рака како отсекогаш да сте биле неразделни….а утрово ме облеа преголема среќа што те видов макар и на сон. Со денови твоето лице не ми излегуваше пред очи колку и да се трудев, некаков демон го беше однел и не ми дозволуваше да продрам низ маглата до твојот прекрасен лик кој изгледа како секогаш да се насмевнува. Не знам дали тоа душата си поигрува со мене или разумот….Прекрасно ми е со него, а гледам дека и тебе ти е прекрасно со неа, ја гледаш како свој спасител, анѓел чувар….Тогаш што овој хаос во главата, што тоа препукавање мегу нас, кога приказната е одамна завршена, уште таа снежна ноќ кога ме допрати до влезната врата и ме бакна за последен пат….Зошто толку мачење кога камшикарот одамна замина и не остави да уживаме во остатокот од нашите животи.

А сонот беше толку убав, јас ТИ и таа, пресреќни што сме заедно, јас пресреќна што сте заедно те убедував дека таа е таа вистинската, таа е за тебе, како ти да не знаеш како да не беше ти оној кој замина од мене за да ја пронајдеш неа….

Груткава на градиве повторно стега.Одамна се помирив со се па и со тоа што јас не сум твоја вистинска, јас не сум ничија вистинска, само сум привид на овие денови, нем набљудувач на она што другите го нарекуваат живот.

П.С.”Некои ноќни мори се остваруваат, се надевам и оваа!?”

Со љубов

Твоја Аиден

Leave a comment